Поп-ѕвздата Били Ајлиш го лансира својот прв парфем, „Ајлиш“, за кој вели дека мириса на Божиќ. Парфемот е веќе во продажба и чини 68 долари.
Пејачката откри дека мирисот е направен од чисти состојки и дека е совршен зимски мирис, со ноти на килибар, какао, ванила и топли зачини.
„Со него ми е многу пријатно и сензуално, ме тера да сакам да бидам завиткана со овој парфем за Божиќ“, рекла Били за магазинот „Ел“.
Ајлиш сакала сè поврзано со парфемот да ја претставува неа, па шишето ги симболизира омилените точки на пејчаката од човечкото тело: градите, вратот и клучната коска.