Билки кои го прочистуваат воздухот во домот и го подобруваат расположението

Билки кои го прочистуваат воздухот во домот и го подобруваат расположението

пред 3 години

Некои од овие билки можете да ги одгледувате и во градината, но и внатре во собите, каде можат да служат како мали прочистувачи за воздух.

Сите знаеме дека прекрасните зелени билки се совршено средство за разубавување на куќата, но и за подигнување на расположението. Меѓутоа, некое цвеќе навистина има и научно докажани способности дека нѐ смирува и делува како некој вид на природен антидепресив.

1. Лаванда

На прво место, секако, се наоѓа лавандата, чие етерично масло помага за главоболки, депресија и несоница. Не само што овој прекрасен медитерански цвет ги смирува нервите, туку дури може и да ги олесни најтешките болки – оние породилните! Мирисот на лаванда може да го спушти бројот на откучувања на срцето во минута ако се најдеме во некоја исклучително стресна ситуација.

2. Алое вера

Еѓипјаните ја нарекле „билка на бесмртноста“, па традиционално ја поставуваат над влезот во куќата како би ги отерале „злобните духови“. Научниците велат дека таа може да впие и некои карциногени од воздухот, односно така ги прочистува. Со неа е добро да спиете, а во експеримент со глувчиња докажано е дека може и да го подобри помнењето.

3. Бршлен

И оваа билка е добар прочистувач на воздухот, во НАСА го класифицираа како број 1 за таа работа. Може да го тргне смогот, но и дим од цигари, не бара многу нега – само малку вода и малку дневна светлина.

4. Босилек

Веројатно нема човек кој не го сака мирисот на босилек, а сигурно нема љубител на италијанската храна кој може да ја замисли пицата или шпагетите без овој зачин. За мирисот е заслужна органската материја линалул, доста често користена во ароматерапијата. Што се однесува до научните истражувања, најпознато е она кое Јапонците го изведоа врз глувци, во кои открија дека линалулот го смалува „дивеењето“ на генот во екстремно стресни ситуации.

5. Спатифилиум

Оваа прекрасна билка со егзотични бели цветови сигурно ќе го оплемени просторот, но дали сте знаеле дека оваа билка може да отстрани и спори на мувла во воздухот? Тој практично работи како прочистувач на возудохот – најоргански и сигурно најубав кој можете да го набавите.

Share
Scroll to Top