Битола блесна во знакот на Македонија: Спектаклот „Силно светнал ден“ ја исполни вечерта со песна и емоции

Битола блесна во знакот на Македонија: Спектаклот „Силно светнал ден“ ја исполни вечерта со песна и емоции

пред 3 часа

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија.

Спектакуларно и претесно беше на платото пред Офицерскиот дом во Битола каде пристигна караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден”, по повод 35 години независност на Македонија.

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, беше раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј 35 години независност, караванот со настапи на познати македонски изведувачи и актери ќе биде во 11 градови низ државата
Караванот „Силно светнал ден”, на емотивен и спектакуларен начин го започна одбележувањето на 35 години независност.

Share
Scroll to Top