Битола подготвена за музички спектакл: Лозано, Тони Зен и 2Бона на „С.О.С. Фестивал“

Битола подготвена за музички спектакл: Лозано, Тони Зен и 2Бона на „С.О.С. Фестивал“

пред 5 часа

Битола на 8 август ќе биде домаќин на едно од најголемите музички случувања ова лето. На Ракометното игралиште ќе се одржи „С.О.С. Фестивал“, кој ќе понуди концертна програма со дел од најпознатите македонски музички имиња.

Организаторите најавуваат дека фестивалот е замислен како музички настан со внимателно селектирана програма, чија цел е да ја промовира домашната музичка сцена и квалитетната авторска музика. Воедно, фестивалот претставува и симболичен повик за музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот.

На сцената ќе настапат врвни македонски артисти

Публиката ќе има можност да ужива во настапите на неколку од најпопуларните домашни музичари.

Меѓу нив се 2Бона, предводници на новата урбана генерација и едни од најуспешните претставници на македонската трап сцена, кои со години се меѓу најслушаните домашни изведувачи.

На сцената ќе се појави и познатиот хип-хоп артист, рапер и продуцент Тони Зен, кој заедно со својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови и ќе приреди енергичен концерт за битолската публика.

Љубителите на поп-музиката ќе можат да уживаат и во настапот на Влатко Лозаноски – Лозано, кој со своите емотивни песни и препознатлив вокал ќе биде едно од главните имиња на фестивалската вечер.

Дел од програмата на „Бит Фест 2026“

„С.О.С. Фестивал“ е во организација на Fresh Union – Film, Music and Booking Agency, а се реализира како проект во рамките на „Бит Фест 2026“, со поддршка од Општина Битола и Министерството за култура.

Влезниците веќе се во продажба

Влезниците за фестивалот веќе се достапни по промотивна цена од 790 денари, а можат да се купат онлајн преку платформата Wayin.

Организаторите најавуваат и специјална промотивна акција за битолчани. Во периодот од 1 до 20 јули 2026 година, во продажните места на Димпо Тобако на Широк Сокак, Гроздо, Ленски мост, Нов Пазар и Tobacco Brothers на Широк Сокак ќе важи акцијата „Купи една влезница – добиј уште една подарок (1+1)“.

Со настапите на Лозано, Тони Зен и 2Бона, организаторите очекуваат „С.О.С. Фестивал“ да привлече бројна публика од Битола и од целата држава и да биде едно од најпосетените музички случувања ова лето.

Share
Scroll to Top