Битола ќе пулсира три вечери: Вино, Музика и Ѕвезди на Винскиот фестивал

Битола ќе пулсира три вечери: Вино, Музика и Ѕвезди на Винскиот фестивал

пред 11 часа

Вински Фестивал Битола“ нуди програма што го следи духот на градот, разновиден, урбан и опуштен. Од Камерен оркестар Битола до „Пауза за ракија“, Гоце Саф и вечерни диџеј сетови, фестивалот, кој од 7 до 9 мај ќе се одржи на платото пред Офицерски дом, носи спој на различни музички сензибилитети во едно заокружено фестивалско доживување.

Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.

„Ова не е фестивал што оди во само еден правец. Намерата ни беше да создадеме програма што ќе го отслика битолскиот дух, град со стил, но и град што сака добра атмосфера, квалитетна музика и опуштено дружење. Програмата нуди различни стилови и енергија за дружење до доцна во ноќта, што му дава посебен карактер на фестивалот“, велат организаторите.

Тие додаваат дека идејата е фестивалот да прерасне во препознатлив мајски настан во Битола.

„Ова е град со специфичен ритам и со релаксиран стил на живот, град во кој луѓето знаат да уживаат и во вино, и во музика, и во амбиент. Нашата цел е да понудиме внимателно избрана програма, добро вино и атмосфера што не се доживува само како настан, туку како градско искуство“, посочуваат организаторите.

Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат B52, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. На 8 мај ќе настапат Lockdown,,Камерен оркестар Битола и  DJ Гоце Саф, додека третата вечер, на 9 мај, е резервирана за Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“.

Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда што го надополнува целото фестивалско доживување. Според организаторите, идејата е „Вински Фестивал Битола“ да остане отворен, комуникативен и жив настан, наменет за сите што сакаат квалитетна музика, добро вино и пријатна градска атмосфера.

Share
Scroll to Top