Блејк Лајвли се врати на Инстаграм по драмата околу филмот It Ends With Us, летово беше една од најомразените познати личности во светот

Блејк Лајвли се врати на Инстаграм по драмата околу филмот It Ends With Us, летово беше една од најомразените познати личности во светот

пред 7 часа

Блејк Лајвли се појави на Инстаграм по едномесечна пауза предизвикана од драмата околу филмот It Ends With Us.

Блејк летово беше една од најомразените познати личности во светот и затоа се повлече од социјалните мрежи.

Сега, еден месец по нејзината последна објава, таа повторно им се обрати на своите следбеници на Инстаграм.

Актерката се врати на социјалните мрежи за да објави роденденска желба за нејзиниот пријател и фотограф Гај Арох. Таа сподели селфи со славеникот Гај и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и во долг текст испрати бројни комплименти до фотографот и пријател.

Актерката се најде на удар на критики за време на промоцијата на филмот. Долго време се шушкаше за нејзината врска со главниот актер и режисер Џастин Балдони, со кој наводно не ни зборувала за време на снимањето, а се шпекулираше и дека таа и нејзиниот сопруг Рајан се мешале во продукцијата на филмот.

Share
Scroll to Top