Музичарот Канје Је Вест сака да се смири со поранешната жена Ким Кардашијан, иако таа од неодамна е во љубовна врска со комичарот Пит Дејвис. Во изјава за „Пејџ сикс“, Канје вели дека Бог ќе му помогне и повторно ќе го спои со мајката на неговите четири деца.
„Бог сака да видите дека за сè можете да се искупите. Во сите овие врски правевме грешки. Направив грешки. Јавно правев работи кои не се соодветни за сопруг, но денес сум тука да ја сменам таа приказна. Ако непријателите можат да ја разделат Кимје (Ким и Канје), милиони други семејства ќе видат дека е во ред ако се разделат. Но, кога Бог, кој веќе победил ќе продолжи да победува, повторно ќе ја обедини Кимје, милиони семејства ќе инспирирани и ќе видат дека можат да ја надминат разделбата, траумата што ѓаволот ја користи за да ги држи луѓето во очај додека другите луѓе ги газат бездомниците додека одат во продавниците на ‘Гучи’“, изјави Канје.
Ким и Канје се разделија на почетокот на годината. Иако не сакаа да го коментираат разводот, во јавноста се шпекулираше дека нивниот брак со години е во криза, а дека голема причина за тоа е и биполарното пореметување на Канје, кој престанал да зема лекови, но и неговите изјави и испади во времето кога се кандидираше за претседател на САД.