Казахстанскиот бодибилдер и актер, Јуриј Толочко, е доста популарен на социјалните мрежи поради своите бизарни љубовни врски. Тој минатата година се ожени со секс-куклата во природна големина Марго, а веста за нивната венчавка за кратко време го обиколи светот.
Тој недоамна сподели на Инстаграм дека се разведува од куклата бидејќи таа заминала на поправка. А подоцна откри дека е во нова љубовна врска со куклата Лола која има тело на кокошка и човечка глава. Тој објави дека планира да се ожени со неа, а покрај неа можеби ќе има и уште една сопруга, куклата Луна.
Тој постојано споделува фотографии од себе и неговите девојки, снима заеднички видеа со нив и има интеракција со неговите следбеници.
За потсетување, Толочко се ожени со секс-куклата Марго лани во ноември, по една година од свршувачката. Еден месец пред свадбата, тој беше нападнат од група мажи, по што заврши во болница. На нивната свадба присуствуваа бројни негови пријатели и роднини.
Бодибилдерот се идентификува како пансексуалец и вели дека може да се вљуби во лик, слика или личност.
(Видео) Бодибилдерот што беше во љубов со секс-кукла се ожени со неа






