Божиновска: Во јули домашното производство покри речиси 95% од потребите за електрична енергија

Божиновска: Во јули домашното производство покри речиси 95% од потребите за електрична енергија

пред 1 час

Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Според неа, позитивен тренд е и зголемувањето на уделот на другите домашни производители во вкупното производство на електрична енергија. Во јули тие учествувале со 55,3 отсто, додека ЕСМ имал удел од 44,7 проценти.

Божиновска посочува дека значаен фактор во промените во енергетскиот систем е и растот на производството од сончева енергија.

„Со нови инвестиции во батерии и складирање на енергијата, ќе можеме уште подобро да ја искористиме струјата произведена од сонцето“, наведува Божиновска.

Дополнително, во текот на годината е забележано и значително намалување на загубите во електроенергетската мрежа. Од 17,7 отсто во јануари, загубите во јули се намалиле на 9,7 отсто.

Министерката оценува дека податоците покажуваат постепено придвижување кон поголемо домашно производство, поголемо искористување на обновливите извори на енергија и постабилен енергетски систем.

Share
Scroll to Top