Божиновска: Енергетските реформи на Македонија претставени во Женева

Божиновска: Енергетските реформи на Македонија претставени во Женева

пред 8 часа

Тим од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја претстави Македонија на Неделата на одржлива енергија на UNECE, која од 28 септември до 1 октомври се одржа во Палатата на нациите во Женева.

Во рамки на панел-дискусиите и размената на искуства со меѓународни експерти беа презентирани реформите во енергетскиот сектор, како и растот на обновливите извори на енергија.

Од Министерството посочуваат дека во 2025 година обновливите извори достигнале 58 отсто од вкупно инсталираниот енергетски капацитет во земјата.

Во фокусот на разговорите биле и модернизацијата на електроенергетската мрежа, развојот на капацитетите за складирање енергија и регионалното поврзување.

Целта на овие процеси е создавање посигурен систем за снабдување со енергија и обезбедување одржлива енергетска иднина.

Share
Scroll to Top