Божиновска на проштална средба со британскиот амбасадор Лосон: Партнерството отвора нови можности во енергетиката и инвестициите

Божиновска на проштална средба со британскиот амбасадор Лосон: Партнерството отвора нови можности во енергетиката и инвестициите

пред 10 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија.

Божиновска му се заблагодари на амбасадорот Лосон за искрената и конструктивна соработка, како и за неговиот личен придонес во продлабочувањето на партнерството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Таа истакна дека основите поставени во изминатиот период треба да продолжат да создаваат нови можности за државата, особено во областите на енергетиката, инвестициите и стратешките минерални суровини.

„Верувам дека основите што ги поставивме ќе продолжат да носат нови можности за државата, особено во енергетиката, инвестициите и стратешките минерални суровини“, порача Божиновска.

Министерката му посака многу успех на амбасадорот Лосон во неговиот понатамошен професионален ангажман, упатувајќи благодарност за неговиот придонес во зајакнувањето на пријателските и партнерските односи меѓу двете земји.

Share
Scroll to Top