Божиновска: Работиме на заштита од ценовни шокови и сигурно снабдување со струја

Божиновска: Работиме на заштита од ценовни шокови и сигурно снабдување со струја

пред 38 минути

Владата ги презема потребните мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови и за обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за МИА.

Таа посочи дека околу 80 проценти од населението се наоѓа во првиот тарифен блок и нагласи дека се вложуваат напори да нема поскапувања. Сепак, предупреди дека глобалните случувања носат неизвесности врз кои државата не може целосно да влијае.

„Некои работи ние едноставно не можеме да ги контролираме, но што се однесува до производството, ќе направиме сѐ за да биде на одлично ниво“, истакна Божиновска.

Се анализира можноста за подолг период на евтина струја

За можноста во 2027 година да се продолжи периодот на евтина струја, министерката информираше дека Регулаторната комисија за енергетика прави анализи, земајќи го предвид и зголемениот број фотоволтаични електрани во земјата.

Божиновска најави средба со претседателот на Комисијата, на која ќе се разгледаат можните решенија во интерес на граѓаните.

Според информациите што ги добила во разговорите со претставниците на ЕСМ, исполнетоста на акумулациите моментно изнесува околу 40 проценти. Таа го оцени ова ниво како добро за периодот од годината и порача дека ќе бидат преземени потребните чекори за сигурност во снабдувањето.

Регионална соработка за посигурен енергетски систем

Министерката се осврна и на учеството на Вториот министерски самит за енергетика во Белград. На билатералната средба со бугарската министерка за енергетика, Ива Петрова, разговарале за батериски системи за складирање енергија, поврзување на електроенергетските пазари, прекугранична размена и мерки против енергетската сиромаштија.

Меѓу темите биле Иницијативата Исток–Запад за дополнително електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Бугарија, како и можностите за заеднички настап пред меѓународните финансиски институции за поддршка на стратешки проекти.

Според Божиновска, соработката ќе се продлабочува и преку поврзување на МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО со нивните партнери во Бугарија. Целта е да се обезбедат повеќе интерконекции, поголеми преносни капацитети и посигурно снабдување за граѓаните и стопанството.

Share
Scroll to Top