Порториканскиот боксер Феликс Вердехо (27) призна дека ја убил својата бремена љубовница, поради што се соочува со смртна казна.
Кејшла Родригез исчезнала пред неколку дена, по што американското ФБИ почнало истрага и набрзо го нашле нејзиното безживотно тело. Откако била идентификувана, Вердехо бил сомничен за убиството, па тој кратко откако почнала истрагата, решил сам да се предаде.
Боксерот познат под прекарот „Дијамант“ е обвинет дека прво ја киднапирал девојката од нејзиниот автомобил, ја претепал, ѝ дал наркотици, по што ја врзал за бетонски блок и ја фрлил од мост. На крајот тој пукал по неа од мостот, оти бил лут поради нејзината бременост.
Според семејството на жртвата боксерот и Родригез имале 11-годишна љубовна врска пред тој да се ожени со Елзи Мари Сантијаго Сиера. Откако љубовницата останала бремена, Вердехо барал таа да абортира, и ја убил откако не се согласила.
Полицијата смета дека боксерот имал и соучесници и трага по нив.