Бора Чорба поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница

Бора Чорба поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница

пред 4 недели

„Рибља Чорба“ ги откажа сите настапи поради лошата здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба.

„Поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега, поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна белодробна болест. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови дружби“, објавија членовите на бендот на својот официјален Фејсбук профил.

Блиц.рс пишува дека музичарот моментално е во болница.

„Бора е во болница, се ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, семејството е информирано за се“, изјави Бане Обрадовиќ, менаџер на групата.

Share
Scroll to Top