Стелецот Борјан Бранковски (24) вчера го освои 21. место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри на своето олимписко деби.
Тој оствари резултат од 573 кругови во квалификациите, додека во финалето се пласираа и стрелачи со 578 кругови. Во конечниот пласман, тој го зазеде 21. место во конкуренција на 36 учесници, со што се пласира пред Виетнамецот Хоанг Сјуан Вин, кој пред пет години во Рио беше олимписки првак во оваа дисциплина.
Златото на крајот му припадна на Иранецот Џавад Форуги, среброто на Србинот Дамир Микец, а бронзата на Кинезот Ваи Панг.
Бранковски е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Токио, кои официјално се отворија вчера, а ќе траат до 8. август.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Осумгодишната Шарлот тежи четири милијарди евра, принцезата се најде на листата 10 најбогати деца во светот
Почина супермоделот Татјана Патиц, една од најславните манекенки во деведесетите
Зошто јајцето е симбол на Велигден
Шпанија и Колумбија водат битка за 200 тони злато кое било потопено пред повеќе од 300 години
Актерот Киванч Татлитуѓ ќе стане татко, по многу години, неговата сопруга е бремена
Џенифер Анистон не сака да се дружи со антиваксери