Босански пејач пронајден мртов во хотелска соба

пред 3 години

Босанскиот пејач Јасмин Малкочевиќ е пронајден мртов во хотелска соба во Тузла. Семејството пред два дена пријавило во полиција дека Јасмин е исчезнат, а неговото тело е најдено еден ден подоцна, пишуваат босанските медиуми.

Според извештајот, од хотелот во полиција пријавиле дека во една од собите е пронајдено безживотно тело, а подоцна го идентификувале како исчезнатиот Малкочевиќ. На телото на починатиот немало траги од повреди или било каков вид насилство, па се претпоставува дека се работи за самоубиство со таблети. Телото е дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

 

Share
Scroll to Top