Бранислав Лечиќ ослободен од сите обвиненија за силување, обвинителството го отфрли приговорот на Даниела Штајнфелдм

Бранислав Лечиќ ослободен од сите обвиненија за силување, обвинителството го отфрли приговорот на Даниела Штајнфелдм

пред 5 години

Српскиот глумец Бранислав Лечиќ, е ослободен од сите обвиненија за силување, откако заменик на апелациоскиот обвинител го отфрлил приговорот на адвокатот на актерката Даниела Штајнфелдм, пренесуваат српските медиуми.

Претходно и вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава за силување. За потсетување, пред повеќе од една година, Штајнфелд, која се прослави со улогата на Маринела во филмот „Ивкова слава“, во својот документарец откри дека е жртва на силување.

Брзо потоа објави дека во 2012 година ја силувал моќен човек од филмската индустрија, но не сакаше да го открие неговото име. Пред неколку месеци таа во полиција го пријави актерот и некогашен министер и кажа дека тој е човекот што ја силувал пред девет години.

Во март и двајцата беа на сослушување, а Лечиќ постојано ги отфрлаше обвинувањата, а го помина и полиграф тестот.

Штајнфелд, која откако откри дека Лечиќ е мажиот што ја силувал, кажа и дека имала периоди кога сакала да се самоубие. Тогаш актерката Мерима Исаковиќ јавно ѝ ја понуди својата поддршка, велејќи дека во 1978 година Лечиќ и неа сексуално ја вознемирувал, па додаде дека тоа би го кажала и под заклетва на суд.

Share
Scroll to Top