Брат, многу ми фалиш, напиша Ѓоковиќ за роденденот на Коби Брајант

Брат, многу ми фалиш, напиша Ѓоковиќ за роденденот на Коби Брајант

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со емотивна честитка го одбележа роденденот на еден од најдобрите светски кошаркари, Коби Брајант, кој минатата година трагично загина во хеликоптерска несреќа.

„Брат, многу ми фалиш“, напиша Ноле, по повод 43. роденден на Коби.

За потсетување, Брајант загина минатата година во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, заедно со неговата ќерка Џијана и уште деветмина други лица.

Покрај Ноле, честитки на социјалните мрежи упатија голем број познати ѕвезди и пријатели на некогашната ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top