Данко Тртиќ и Тамара Савиќ двајцата од Бања Лука, се венчаа и заминаа на гласање.
Како што изјавиле младенците за српските медиуми, дека на денот се одбрале тие двајца за до крајот на нивниот живот, но требало и да ја исполнат граѓанската должност, да излезат на да гласаат и да ги одберат кој ќе ги застапува граѓаните во следните четири години.
„Салата за венчавка ја закажавме пред една година, а тогаш не бевме свесни дека е на денот на изборите“, велат младенците за „Независне“.
Како што додадле, пред само неколку месеци сфатиле дека венчавката е на денот на изборите, а потоа решиле да ја исполнат својата граѓанска должност меѓу црковената и општинска свадба.
„Иако некои ќе го сфатат ова како привлекување внимание, ние само сакаме да ја прекинеме тензијата на овој ден, што е стресно за сите“, велат тие.
Како што истакнале, реакциите на луѓето биле многу позитивни.