Бредли Купер ги изненади фановите со изгледот во новата улога во филмот „Маестро“. Глумецот целосно се трансформирал во легендарниот композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн. Фановите не можат да го препознаат откако излезе првиот трејлер.
„Целосно се трансформирал во Бернштајн. Од млад во стар човек. Неверојатна шминка и костим“, коментираа некои од нив.
Филмот „Маестро“ ги опфаќа 30 години од животот на Бернштајн и љубовната врска со актерката и активист Фелисија Монтеалегре, која ја игра Кери Малиган. Приказната ја следи од нивната прва средба во 1946 година, па преку 25 години брак и раѓањето на нивните три деца, Џејми, Александар и Нина.
„Нетфликс“ го опиша „Маестро“ како љубовно писмо на животот и уметноста.
Купер со „Маестро“ им се врати на режисерските должности по големиот успех со филмот A Star is Born во 2018 година. Сценариото го напиша со Џош Сингер, кој доби Оскар за најдобро сценарио за Spotlight.
Покрај сценографијата, впечатлив е и остатокот од актерската екипа. Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе, заедно со Купер, Фред Бернер, Ејми Дурнинг и Кристи Макоско Кригер се продуценти на филмот, а Мет Бомер Маја Хоук, Сара Силверман ќе се приклучат на актерската екипа, на Џош Хамилтон и Гидеон Глик.
За потсетување, Бернштајн беше еден од најпознатите американски диригенти и композитори. Ги диригирал речиси сите големи американски оркестри, а бил и музички директор на Њујоршката филхармонија. Светската слава ја стекнал со мјузиклите „До градот“ и „Приказна од западната страна“.
Биографскиот филм ќе биде премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал, а во кината на 22 јули и на „Нетфликс“ на 30 декември.