Брижит Бардо хоспитализирана на интензивна нега поради проблеми со дишењето

Брижит Бардо хоспитализирана на интензивна нега поради проблеми со дишењето

пред 2 години

Легендарната француска глумица Брижит Бардо е хоспитализирана на интезивна нега поради проблеми со дишењето. Списанието „Франс диманш“, објави дека осумдесет и осумгодишната глумица била примена во болница во Тулон пред четири недели и дека лекарите ја следат нејзината состојба.

Веста за здравствените проблеми на Бардо се појави во пресрет на премиерата на минисеријата за нејзиниот живот.

„Бардо страдаше од сериозни респираторни проблеми. Неколку дена помина на интензивна нега, по што беше препорачано да остане најмалку три недели под надзор на лекарите“, изјавија од болницата за списанието.

За потсетување, Бардо е една од иконите на францускиот и европскиот филм. Се повлече од забавната индустрија во почетокот на 1970-ите по снимените 47 филмови и над 60 песни. Потоа стана активист за заштита на правата на животните.

Share
Scroll to Top