Паскал Селик од Велика Британија се омажила за јорганот. За медиумите изјавила дека се омажила затоа што ѝ бил лојален пријател. Рече дека има и дечко на кого бракот не му сметал.
Венчавката ја направиле на Денот на заљубените во 2019 година, а Селик рече дека оваа и била најзначајната врска која некогаш ја имала и дека се заљубила во јорганот на прв поглед.
На забавата присуствувал и дечко ѝ кој рече дека не е љубоморен. Разбира дека тоа го направила заради уметност. „Јорганот секогаш е со неа. И кога е тажна и кога е среќна. Рече дека станува збор за пријателство, а не сексуален однос“, рече тој, а пренесе „Дејли Мејл.
Покрај дечко ѝ на венчавката биле и нејзините пријатели и семејство. Се појавиле облечени во комбинезони и обични фустани.