Британскиот рокер и осуден педофил Гери Глитер е пуштен од затвор откако отслужи половина од казната

Британскиот рокер и осуден педофил Гери Глитер е пуштен од затвор откако отслужи половина од казната

пред 2 години

Некогашната британска ѕвезда, Пол Гад, познат и како Гери Глитер е пуштен од затвор, откако ослужи половина од казната. Го осудуија во 2015 година за сексуален напад на три малолетни ученички од кои едната била помлада од 13 години.

Осудениот педофил и некогашен рокер е пуштен откако отслужи осум години затвор, пренесе „Дејли Мејл“. Го открија во 1997 година кога го однел лаптопот на поправка во сервис во Бристол. Човекот кој му го поправил нашол порнографски содржини на неговиот хард диск. Полицијата му најде и нови порнографски содржини.

Глитер сега има три дена да се регистрира и да ја пријави адресата каде живее.  Иако е слободен, мора да ги извести властите седум дена однапред ако сака да патува во странство. Службениците можат и да му стават вето, ако сметаат дека претставува ризик.

Ќе носи ознака и треба да ја извести полицијата ако стапи во врска со дете помладо од 18 години. Министерството за правда соопшти дека ослободувањето на сексуалните претстапници е надгледувано од полицијата и може повторно да завршат во затвор ако прекршат некои од строгите услови.

Претходно беше гонет и осудуван во разни земји низ светот. Доби четири месеци затвор во 1999 за поседување 4.000 фотографии со детска порнографија, а пред да го протераат од Камбоџа одлежа две и пол години затвор во Виетнам за сексуален напад врз две девојчиња од 10 и 11 години.

Го осудија на 11 години. По две и пол години наредено му е да се врати во Велика Британија, а во 2014 година го обвинија по осум точки за сексуални напади. Следната година е прогласен за виновен по една точка за обид за силување, четири за непристоен напад и една за сексуален однос со девојка помлада од 13 години. Во 2015 го осудија на 16 години затвор.

За потсетување, Гери важеше за еден од најпознатите британски поп-ѕвезди, а песните му беа познати и популарни и се користеа во филмови.

Share
Scroll to Top