Булмак 2016 со награди и признанија за Денот на рударите

Булмак 2016 со награди и признанија за Денот на рударите

пред 3 часа

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството за енергетика и рударство. Признанија добија нашите вработени:

  • Иван Цеков, рудар од рудник „Злетово“, роден 1972 година од Пробиштип. Вработен во компанијата од 2016 година. Во моментов работи како рудар од 2 степен и ракува со рачен дупчачки чекан, утоварач и подградувач во јама.
  • Иво Ѓоргиевски, рудар од рудник „Тораница“, роден 1984 година од Крива Паланка, вработен во компанијата од 2017 година. Во моментов работи како ракувач на јамски утоварач.

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на рударите, им го честитаме празникот на сите рудари, оддавајќи им длабока почит за нивната упорност и пожртвуваност.

Рударството е професија која бара сила, упорност и солидарност. Нашата обврска како компанија е да ја вреднуваме таа пожртвуваност и да продолжиме да инвестираме во подобри услови за работа и поголема безбедност на нашите луѓе.

Силата, солидарноста и трудот се темелите на оваа професија. Затоа, компанијата останува посветена на создавање се подобри услови за работа и максимална безбедност, за секој рудар да се чувствува сигурно на своето работно место.

Со ова, Булмак ја потврдува својата определба да гради компанија која се грижи за луѓето, заедницата и иднината на рударството во Македонија. Поддршката за вработените и признавањата за најдобрите меѓу нив се дел од заложбите компанијата да остане сигурен партнер и двигател на економскиот развој во регионите каде што работи.

Share
Scroll to Top