Буфон се врати во својот прв клуб Парма

Буфон се врати во својот прв клуб Парма

пред 3 години

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон направи трансфер и од тимот на Јувентус се врати во неговиот матичен клуб Парма. „’Супермен’ се врати, потврди попладнево Парма на својот Твитер профил, објавувајќи, притоа, кратка видеопорака со зборовите на Буфон: „Се вратив“.

Во 1995 година, на своја 17 годишна возраст, Буфон го играше својот прв натпревар како голман.

Тој е рекордер според бројот на одиграни натпревари во Серија А (657). Досега само еднаш играше во втората лига, во сезоната 2006/07 кога Јувентус беше казнет во рамки на скандалот „калчополи“.

Буфон во мај објави дека дефинитивно заминува од Јувентус, клубот со кој освои десет шампионски титули, пет национални купови и шест трофеи во Суперкупот.

Единствениот клупски трофеј што недостасува во кариерата на Буфон е Лигата на шампиони, претрпувајќи со Јувентус три порази во финалињата во 2003, 2015 и 2017.

Италијанските медиуми објавија дека Буфон се согласил да остане во Парма во следните две години, со гаранции дека ќе биде во првиот тим и ќе ја носи капитенската лента.

Share
Scroll to Top