Поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов и неговата партнерка Дунафка Трифуновска, за Денот на заљубените беа во Бугарија во хотелот „Гранд“. И двајцата објавија фотографија на која изгледаат заљубено со куп цвеќиња околу нив во форма на срце.
За потсетување, тие се земаа пред Прочка минатата година, а бракот им траеше само пет месеци. Откако повторно се смирија постојано се заедно и објавуваат фотографии од посетите на разни места низ светот.