Вдомените кучиња на Чарлс и Камила, Бет и Блубел, ќе се вселат во Бакингемската палата со кралот и кралицата. Тие се први водомени кучиња во историјата што ќе живеат во палатата.
Кралот Чарлс и неговата сопруга Камила вдомија две кучиња во 2017 година. Бет била напуштена, а Блубел била пронајдена во шумата, без крзно и со рани по телото. Двете кучиња се од расата Џек Расел териер. По долг третман кучињата закрепнаа и се појавија на насловната страница на списанието Country Life.
Во јули оваа година, Камила ги повика луѓето да посетат засолништа кои се грижат за напуштени животни и да посвојат куче или мачка.
„Двапати видов колку е едноставно. По изолацијата, има многу кучиња и мачки кои бараат дом. Затоа посетете го прифатилиштето и најдете пријател за живот“, рече таа.
Кралот Чарлс е голем љубител на кучиња, исто како и неговата мајка. Тие се разликуваа само по тоа што таа беше љубител на раската корги, додека тој повеќе сака Џек Расел териер, а го имаше и лабрадорот, Харви.
За потсетување, кралот и кралицата продолжуваат да живеат во Кларенс Хаус додека го чекаат завршувањето на реновирањето на Бакингемската палата. Штом ќе можат да се вселат, со себе ќе ги понесат двете кучиња Бет и Блубел.