Актерката, Весна Петрушевска, реагира на коментарите со кои се соочи, откако во поткаст обелодени дека пред години имала афера со тогашниот премиер, Бранко Цвренковски.
„Затоа што сите сте многу чесни ,а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да играте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени. Затоа што морализирате, а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што е ми се случи во животот јас не престанав да бидам поветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество. Затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3.000 изведби, над 700 ТВ емисии проекти , вие се фативте за афера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете. Точно знаев дека че морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура. Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас. Уф ќе заборавев бев и прва на барикадите за македонскиот јазик и идентиетот, вие веројатно сте имале попаметна работа. Фала многу и пријатно, струја дома не ми плаќате ❤️❤️❤️срцки тие па и неталентирано духовити ❤️“, напиша Петрушевска.