Весна Џогани се огласи по веста за разводот

Весна Џогани се огласи по веста за разводот

пред 3 часа

Весна Џогани се огласи првпат откако во медиумите се појавија тврдења дека таа и Џоле Џогани се разведуваат по 20 години брак.

Таа ги негира тврдењата за брачна криза и нагласи дека нивната приватност не треба да биде предмет на јавни шпекулации.

Веста дека Весна и Џоле се разведуваат, како и дека пејачот наводно го напуштил семејниот дом, одекна во српските медиуми. Сепак, Весна тврди дека не постои развод и дека таа не избркала никого од куќата.

„Што да ви кажам, не е вистина дека сум го избркала од станот. Не вреди да се коментира. Живеам и работам со Џоле 20 години. Вчера, целиот авион нè поздрави. Ни рекоа: „Убаво го славите разводот“, рече Весна.

Таа, исто така, откри дека неодамна престојувале во Мадрид и дека нема тензии во семејството.

„Децата не кажаа ништо, повеќе не коментираме за тоа. Времето беше убаво во Мадрид, ни беше првпат. Воодушевена сум. Се заљубив во луѓето, културата.“

Џоле, исто така, ги негираше обвинувањата за разводот и наводното иселување од станот.

„Првпат го слушам ова, не знам каква глупост е. Бевме во Мадрид за викендот. Сè е во ред во нашата врска, немаме никакви проблеми во бракот“, изјави тој, ставајќи крај на шпекулациите.

 

фото/Инстаграм

Share
Scroll to Top