Вечно младата Шер на 76 години со хеланки и штикли низ улиците на Лос Анџелес

Вечно младата Шер на 76 години со хеланки и штикли низ улиците на Лос Анџелес

пред 2 години

Познатата пејачка Шер (76) деновиве се прошета по улиците на Лос Анџелес, облечена во хеланки кои ја оцртуваа нејзината линија, во комбинација со црни штикли и чанта. Таа не крие дека за нејзиниот соврешен изглед најзаслужни се се редовното вежбање и правилната исхрана. Таа во една прилика откри дека ниту пуши ниту пие.

Во едно од своите интервјуа, таа изјави дека не сака месо и дека внимава да внесува здрави производи.

„Млечните производи не се добри. Ако треба да консумирам млеко, ќе изберам безмасно. Сирењето го сметам за најлошото нешто за организмот. Тоа е масно и ќе го подигне нивото на холестерол во крвта“, рече таа.

Шер додаде дека тестенините ѝ давале многу енергија, како и овошјето. Таа често јаде банана, папаја и некатарини бидејќи содржат многу шеќер, но не е рафиниран.

„Тоа е нешто што отсекогаш сум го правела и едноставно уживам”, вели таа.

Share
Scroll to Top