Вештачката интелигенција како нов љубовен советник? Младата генерација и миленијалците поделени

Вештачката интелигенција како нов љубовен советник? Младата генерација и миленијалците поделени

пред 3 дена

Истражување покажа дека генерацијата „З“ (од 18 до 26 години) најмногу користи вештачка интелигенција во својот љубовен живот – 15 отсто од анкетираните користат вештачка интелигенција за планирање состаноци, а 12 отсто бараат совет за врска.

Малку помалку отворени за ова се миленијалците (од 29 до 44 години) – девет проценти од нив користат вештачка интелигенција за планирање состаноци, а 11 проценти за љубовни совети.

Сепак, повеќето млади луѓе сè уште не дозволуваат вештачката интелигенција да ја преземе улогата на Купидон. Дури 72 отсто од членовите на генерацијата „З“ и 76 отсто од миленијалците никогаш не користеле вештачка интелигенција за романтични цели. Главните причини, како што наведоа, се сомневањата за автентичноста и вистинската поврзаност.

Експертот за врски, Али Булок, која работи за апликацијата „Перд“, објаснува зошто младите се претпазливи:

„Апликациите за состаноци се исцрпувачки, а по пандемијата, луѓето се повеќе бараат личен контакт. ВИ делува како уште една алатка која ги оддалечува односите од вистинската човечка врска, а многумина се скептични во врска со тоа“.

Испитаниците откриле и какви проблеми имаат во односите кога е технологијата во прашање. Најчестиот проблем за генерацијата „З“ и миленијалците е користењето на нивните телефони во времето поминато со партнерот – 57 проценти од младите и 68 проценти од миленијалците го наведуваат ова како одвлекување на вниманието. Следува играње игри и одговарање на деловни пораки надвор од работното време.

Иако вештачката интелигенција сè уште не е широко прифатена во романтичните врски, интересот расте. Речиси една петтина од миленијалците (19 проценти) велат дека во иднина би размислувале да користат вештачка интелигенција за советување, партнерска терапија или вежби за парови.

Булок предупредува: „Преголемото потпирање на вештачката интелигенција може да доведе до намалена емоционална интелигенција и полошо решавање на конфликти во односите“.

„Треба да го подобриме начинот на кој се поврзуваме“ „Предизвиците во врската отсекогаш се решавале со помош на книги, пријатели или терапевти – вештачката интелигенција е само уште една алатка“, додава Булок.

„Тоа нема да ја замени реалната врска, но може да им помогне на паровите подобро да се движат во модерните врски“.

„Наместо да се плашиме од новата технологија, треба да се фокусираме на тоа како таа може да го подобри начинот на поврзување. Тој воз веќе се движи, сакале ние или не“, заклучи таа.

Share
Scroll to Top