Еден вид чоколада на Ритер спорт е повлечена од продажба бидејќи лешниците не се наведени како алерген на хрватската декларација, соопштуваат од Државниот инспекторат на Хрватска.
Државниот инспекторат информира дека производот Ритер Спорт чоколадна коцка ирваси 83 грама, се повлекува бидејќи во хрватската декларација не е наведен лешникот како алерген.
Поради фактот што алергенот не е означен, производот може да претставува ризик за здравјето на потрошувачите кои се чувствителни на него, додека луѓето кои не се алергични се уште можат да го користат без ограничувања.
Текстот Вид чоколадо на „Ритер Спорт“ е повлечено од продажба во Хрватска е превземен од МАКФАКС.