(Видео) 17-годишна девојка е спасена во Турција по минати 248 часа под урнатините

(Видео) 17-годишна девојка е спасена во Турција по минати 248 часа под урнатините

пред 2 години

Спасувачки екипи ја извлекоа седумнаесетгодишната Алејна Олмез која минала 248 часа под урнатините во Турција. Девојката била заглавена во населбата Кајабаси во Кахраманмараш.

Спасувачите ја слушнале додека го прегледувале теренот. Девојката откако ја извлекоа ја пренесоа во болница.

За потсетување, најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреса што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари. Земјотресите беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш. Погодија 11 провинции, уништени се илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе. Во моментот на терен работат повеќе од 253.000 члена на тимови за пребарување и спасување.

Share
Scroll to Top