(Видео) Абрамовиќ си купи супер-јахта од 605 милиони долари

(Видео) Абрамовиќ си купи супер-јахта од 605 милиони долари

пред 6 години

Газдата на фудбалскиот клуб Челси, Роман Абрамович, си купи супер-јахта од 605 милиони долари. Снимки од неговата нова јахта се појавија во пристаништето Бремерхавен во Германија.

Тој веќе има една јахта, „Еклипс“ во вредност од 669 милиони долари. „Соларис“ е името на неговата нова јахта, која е опишана како најмоќната во светот. Таа е изградена со осум нивоа и има хелипад, место каде може да слета хеликоптер.

Долга е 140 метри и на неа има 48 простории. Покрај 60 луѓе од екипажот, со неа може да патуваат и уште 35 патници.

Share
Scroll to Top