(Видео) Александар Јосифовски одличен во „Гранд“: Никој не ти е рамен, го пофали Карлеуша

(Видео) Александар Јосифовски одличен во „Гранд“: Никој не ти е рамен, го пофали Карлеуша

пред 3 години

Македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски од Охрид, доби шест гласа од жирито но не влезе во финалето на музичкото натпреварување. Тој пееше во дуел со Садик Хасановиќ и ги испеа песните „Кад заборавиш јули“ и „Македонија“.

„Најдобар машки рок-кандидат на ова натпреварување, тоа го покажа и докажа. Дечко, никој не ти е рамен. Ти никогаш не направи ниту една грешка“, изјави Карлеуша која Карлеуша гласаше за Јосифовски.

На крајот двајцата кандидати освоија по шест гласови, а по прегласувањето Хасановиќ влезе во финалето, а Александар пееше во баражот, но таму не помина.

Откако испадна од “Гранд“, Александар им се заблагодари на сите за поддршката, најмногу на неговиот ментор Ѓорѓе Давид, а откри и дека подготвува нова песна која ќе ја промовира наскоро.

Настапот на Александар почнува на 2:12:45.

Share
Scroll to Top