(Видео) Александра Пријовиќ ја заврши турнејата со концерт во Белград: Овој гостин никој не го очекуваше

(Видео) Александра Пријовиќ ја заврши турнејата со концерт во Белград: Овој гостин никој не го очекуваше

пред 5 месеци






Александра Пријовиќ со концерт во Белград ја заврши турнејата „Од Исток до Запад“, а еден гостин изненадување особено ја воодушеви публиката.

Имено, станува збор за Ивана Врдољак, попозната како Вана. Таа ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои и „Тек је 12 сати“. Освен Вана, концертот го дополнија и Марија Шерифовиќ и Никола Роквиќ.

Во Штарк Арена синоќа се собраа повеќе од 20.000 луѓе, а Пријовиќ беше особено емотивна.

Турнејата „Од Исток до Запад“ траеше една година и три месеци. Таа вчера откри дека во рамките на оваа турнеја одржала дури 63 концерти.






Share