Пензиониран подофицер на американската морнарица тврди дека има повеќе информации за дестинацијата на НЛО во Авганистан, но не може да открие затоа што може да заврши во затвор. Криејќи го идентитетот, поранешниот војник рече: „Ќе бидам искрен кон вас. Би сакал да ги откријам деталите, но не сум подготвен да завршам во затвор зарди тоа“.
Во разговор за „Фокс њуз“ додаде: „Ограничен сум поради безбедносни договори кои ги потпишав како војник“.
Некои од законодавците изразија загриженост поради недостигот на безбедносни опции за луѓето кои сакаат да пријават потенцијални елементи на НЛО.
Ова прашање неодамна беше разгледано во рамки на Сенатскиот пододбор за вооружени сили за нови закани и способности.
Доктор Шон Киркпатрик, кој е на чело, разговарал со законодавците фокусирајќи се на видеото за потенцијално НЛО, над Блискиот исток од минатиот месец велејќи: „Ова во суштина се сите податоци кои ги имаме за овој настан“, и додаде дека ќе биде практично невозможно целосно да се идентификува, само на основа на видеото и дека ќе се смета за нерешен случај.
Пензионираниот подофицер рече дека тој и другите колеги виделе метална кугла во Авганистан на почетокот на 2000, слична на онаа на Блискиот исток.
„Знам каде се закопани телата. Можам да ве упатам во вистинскиот правец“, рече тој.
По сослушувањето во Сенатот на 19 април, сенаторот од Републиканската партија Марко Рубио и демократот Марк Ворнер напишаа писмо од пет точки до Министерството за одбрана во Вашингтон. Рекоа: „До денес немаме видено никакви напори да на јавноста ѝ се соопштат постоењето на безбедносните процеси за свеодицте на НЛО објектите“.
„Бараме да ни доставите најнови информации за планот за објавување на безбедносните процеси за да сведоците може да се јават“.
Рубио исто така изјави: „Што е уште полошо, нашата влада мина премногу години игнорирајќи или намалувајќи ја евентуалната закана. За среќа, тоа почна да се менува, но како што видовме и претходно оваа година, одбрамбените и известувачките заедници и понатаму се борат со различни проблеми од ваков вид“.
Пензионираниот подофицер ги поздрави напорите на сенаторот за да може што повеќе се зборува на оваа тема и да се донесат закони со кои ќе се заштитат сите оние кои ќе сакаат да прозборат за потенцијалните забележани НЛО објекти.