Од Детската клиника во Скопје вчера си замина Ана, девојчето кое додека се лекуваше од рак, ја победи и короната. Видеото на кое таа ѕвони на победничкото ѕвонче го објави Клиниката за детски болести.
„Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете. Особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест. Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа ‘Браво Ана – браво Ана’. Епа, навистина браво Ана!“, објавија од Детската клиника во Скопје.
„Сега одиме ли дома?“, праша Ана откако неколку пати заѕвоне на ѕвончето кое симболично покажува дека ја победила болеста.