(Видео) Андреа Саншајт има 53 години и ќе се натпреварува на изборот „Мис Бум Бум“ во Британија

(Видео) Андреа Саншајт има 53 години и ќе се натпреварува на изборот „Мис Бум Бум“ во Британија

пред 2 години

Андреа Саншајн (53) од Лондон стана хит на социјалните мрежи поради младешкиот изглед, а наскоро ќе се натпреварува и на изборот за „Мис Бум Бум“ во Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Таа по потекло е од Бразли, а живее во Лондон. Тренира три часа дневно за да постигне завидна фигура, а друштво и прави нејзината ќерка.

“Мојата ќерка Жана е позната инфлуенсерка која мора да одржува добра фигура. Вистина е, има добри гени, но тоа не е доволно. Мора да работи на себе”, изјавила Андреа.

Како што рече понатаму во интервју за странски медиуми, ништо во животот не е невозможно се додека имаш сила и волја да ја постигнеш целта. Клучот за здраво тело лежи во силата на умот и желбата да бидете подобра верзија од себе, вели оваа фит баба.

Андреа откри и дека ја обожава својата внука Рајка (9), и верува дека еден ден ќе влезе во светот на фитнесот.

„Покажува голем интерес за тоа што го работам. Таа е мој најголем фан, дефинитивно ќе биде мој наследник“, изјавила таа за „Дејли стар“.

Share
Scroll to Top