(Видео) Анџелина Џоли и нејзините ќерки отсекоа прамени од косите за да ги поддржат жените во Иран

(Видео) Анџелина Џоли и нејзините ќерки отсекоа прамени од косите за да ги поддржат жените во Иран

пред 2 години

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли и нејзините ќерки Захара и Шајло отсекоа прамени од своите коси и ги донираа за изложба на уметницата Прун Нури. Целта на изложбата е да го освести светот за проблемите на жените во Иран.

„Мојата пријателка Прун Нури работи на прекрасен уметнички проект за да покаже солидарност со храбрите жени во Иран кои се борат за еднаквост и права, но и за да им оддаде почит за нивната храброст. Во тоа се приклучи и моето семејство. Секој од вас може да учествува во проектот со испраќање прамен од својата коса до 25 февруари“, напиша Џоли.

Глумицата објави неколку фотографии и видео како сече прамен од косите на своите деца, но и од неколку други жени кои се вклучија во проектот и испратија делови од косата на адресата на Нури во Париз.

На крајот на месецот Нури ќе ги пренесе прамените коса во Њујорк, а изложбата ќе ја отвори во март.

Share
Scroll to Top