(Видео) Археолози тврдат дека откриле јајце од кокошка старо 1000 години

(Видео) Археолози тврдат дека откриле јајце од кокошка старо 1000 години

пред 5 години

Израелските археолози при ископувањата во градот Јавне, пронашле недопрено јајце од кокшка, за кое тврдат дека е старо околу 1.000 години. Доколку се потврди нивната теорија, ова ќе биде едно од најстарите во светот, објави Израелскиот институт за антиквитети (ИАА).

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Пронаоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувањата, но тоа е релативно вообичаено. Наоѓањето цело јајце е навистина уникатен феномен”, рекол д-р. Ли Пери од ИАА, пишува „Jерусалим пост“.

Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период, односно меѓу 4. до 7. век од нашата ера.

„Бидејќи пукна, повеќето од внатрешните содржини протекоа, но дел од жолчката беше зачуван, што ќе ни овозможи да истражуваме понатаму“, додала д-р Пери.

Share
Scroll to Top