(Видео) Бака Прасе нема да донира за настраданите во Турција: Немам никаква љубов кон земјата

(Видео) Бака Прасе нема да донира за настраданите во Турција: Немам никаква љубов кон земјата

пред 2 години

Познатиот јутјубер од Србија Богдан Илиќ, познат и како Бака Прасе предизвика реакции кај фановите кога рече дека нема да даде пари за помош за настраданите во земјотресот во Турција. Објасни дека не им се потребни пари, туку луѓе и спасувачи кои ќе ги извлекуваат преживеаните од урнатините.

Додаде дека и на Балканот има луѓе на кои имаат потреба за пари и дека донирал само на оние кои навистина им е потребно.

„Сакам да изразам сочувство до сите жртви и нивните семејства. Тоа веќе го направив. На Турција не им требаат пари туку луѓе кои ќе гi спасуваат преживеаните. Им требаат пожарникари, спасувачи. На Турција не им требаат пари туку помош во луѓе“, рече Бака Прасе.

„Покрај тоа немам никаква љубов кон земјата. Ништо не ме врзува за неа. Не ми е драго, што толку многу луѓе загинаа. Не верувам дека има на некого што му е. Но деца и луѓе страдаат и во Србија и другите држави на Балканот секој ден и за мене тоа е еднаква трагедија“, додаде тој.

Објави и видео на „Јутјуб“ во кое зборува како помогнал на некое болно дете во Србија. Не ширам омраза по национална основа со тоа што ќе кажам дека повеќе ја сакам мојата земја од туѓата, затоа што мојата ја сакам, а туѓата ја почитувам“, рече Бака Прасе.

„Бадијала се правдаш. Никогаш повеќе нема да те следам. Толку беше. Ќе те стигне и тебе казната за овие зборови. Да немаш повеќе свои пари да трошиш, а не па туѓи. Како Турција ни помогна кога беа поплавите во Србија и Босна.

Сега покажа кој си и што си, а сите те браневме од Митровиќ. Засрами се за овие зборови. Подобро ќе ти беше да премолчиш и ништо да не кажеше“, беа само некои од коментарите.

Share
Scroll to Top