(Видео) Бајден во ресторан без маска, секретарката се обидувала да го извлече од одговорност

(Видео) Бајден во ресторан без маска, секретарката се обидувала да го извлече од одговорност

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, во саботата биле во еден италијански ресторан во Вашингтон без маски за лице. Снимката брзо се рашири по социјалните мрежи, а на неа може да се видат и агентите кои уредно си носеле маски.

Политиката на ресторанот е дека гостите задолжително морале да носат маски, пишуваат американските медиуми.

„Според упатствата на CDC и извршната наредба на градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, сите луѓето постари од две години мораат да носат маска во затворен простор, без разлика дали се вакцинирани. Маските секогаш мораат да се носат во нашите ресторани, освен кога јадете и пиете. Ви благодариме на разбирањето“, пишува на веб страната на ресторанот.

Од Белата куќа потврдија дека Бајден вечерал со сопругата во ресторанот. Секретарката за медиуми на Белата куќа, Џен Псаки, се обидела да ја смири јавноста и да го излвече Бајден од одговорност додека разговарала со новинарот на „Фокс њуз“, Питер Дочи.

„Мислам дека зборувате за моментот кога биле видени како излегуваат од ресторанот со маските во раце, каде се уште ги немаат ставено. Се разбира има моменти кога не ги ставаме маските толку брзо како што треба, но, мислам дека не гледајќи во едно дрво, не можеме да ја видиме шумата, затоа што нашата цел е да вакцинираме повеќе луѓе, да се погрижиме школите и компаниите ширум земјата да бидат поорганизирани за да спасат повеќе животи и да ги заштитат луѓето, а не да се фокусираме на моментите во времето кога не ја одржуваме сеопфатната политкика“, рече Псаки, иако водителот инсистирал да добие одговор зошто семејството Бајден било видено како излегува од ресторанот без маски.

Share
Scroll to Top