(Видео) Бен Афлек и Џенифер Лопез се скараа во реклама за крофни на Супербоул

(Видео) Бен Афлек и Џенифер Лопез се скараа во реклама за крофни на Супербоул

пред 2 години

Бен Афлек и Џенифер Лопез снимија реклама за најпознатите американски крофни Dunkin Donut’s. Рекламата одеше за време на паузата на „Супербоул“, а Бен глуми работник и ги служи гостите додека не дојде Лопез да го праша што работи.

„Дали е ова тоа што го правиш кога ќе речеш дека работиш по цел ден?“, му рече Лопез, а Бен и одговори дека го срамела пред колегите и пријатели.

Пред да ја соблече униформата, му рече да и купи една крофна. Глумецот за „Пипл“ рече дека му било забавно додека снимале.

„Луѓето мислат дека на некој начин работам за Dunkin. Во Бостон крофните се голема работа, а ова ми изгледаше како забавна можност да бидам во ова друштво и шанса да се вратам и снимам дома во Бостон“, рече Афлек.

Фановите ги пофалија и рекоа дека ова е најдобрата реклама за „Супербоул“.

„Ова е врв. Двајцата сте урнебесни. Dunkin направиле сè како што треба. Ве погодија“, беа некои од коментарите.

Share
Scroll to Top