(Видео) Бобан Цаневски најдобар од публиката во „Никогаш не е доцна“, македонскиот пејач еден од тројцата победници во шоуто

пред 2 години

Македонскиот пејач Бобан Цаневски е еден од тројцата победници во шоуто „Никогаш не е доцна“. Тој освои 1892 смс гласови и ја доби наградата од публиката. Најдобар преку фејсбук беше Дубравко Биондиќ Дуба со 27.855 гласови, а победник од жирито е Амер Ченгиќ.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Шоуто заврши по десет месеци, а во финалето пееја 12 натпреварувачи. Цаневски во финалето ја пееше „Чија си“ од Тоше Проески.

„Шоуто го почнав со песна од Тоше, па ред е и да го завршам така“, рече Бобан пред својот настап.

Публиката го поздрави со голем аплауз, а откако победи, наградата му ја даде Жељко Самарџиќ.

Следната, осма сезона на шоуто ќе почне во септември.

Share
Scroll to Top