(Видео) Боби Павловски среде пандемија на Златибор сними спот за новата песна

(Видео) Боби Павловски среде пандемија на Златибор сними спот за новата песна

пред 4 години

Македонскиот пејач Боби Павловски ја промовира третата песна на српски јазик, „Не оклевај“. За песната, тој сними и спот, на Златибор, во време кога за влез во Србија се бараа негативни пи-си-ар тестови. Боби вели дека снимањето го завршиле за неполни два дена, а тој е задоволен од видеото.

„Снимавме во неверојатни услови, без спиење 48 часа. Пи-си-ар тестови, трчање, студ, но навистина мислам дека вредеше“, вели Боби, кој се појавува во спотот заедно со српска водителка и манекенка.

Песната „Не оклевај“ ја напишаа Еди Рамиќевиќ и Милан Раѓен, а видео го сними Tropical Lifeisfun.

„Решив да снимам брза песна за да ја разбијам летаргијата во која западнавме во пандемијата. Не сакав да експериментирам со тимот, затоа што ова се луѓе кои знаат да го препознаат она што ми се допаѓа. Мислам дека имам моќна тема и едвај чекам да дојде денот да ја отпеам пред мојата публика во живо“, рече Боби.

Share
Scroll to Top