(Видео) Борис Џонсон со сопругата пазаруваат во локален маркет во Грција

(Видео) Борис Џонсон со сопругата пазаруваат во локален маркет во Грција

пред 2 години

Британскиот премиер Борис Џонсон  е на одмор во Грција, каде мештаните го снимиле како купува намирници во близина на Атина.

dobivaj vesti na viber

Џонсон бил во супермаркет со сопругата Кери Симондс, а обезбедување ги следело и двајцата.

На видеото се гледа како политичарот со насмевка го поздравува лицето кое го снима. Продавницата во која пазарувал Џонсон се наоѓа во атинското предградие Неа Макри, кое не е далеку од куќата на неговиот татко Стенли.

Борис Џонсон е обожавател на грчката култура и зборува старогрчки, а ова не е првпат британски политичар да биде забележан на одмор во Грција. Пред да стане премиер, тој беше фотографиран на плажа на грчкиот остров Трикери во 2016 година.

Претходно британскиот премиер во заминување беше на меден месец во Словенија.

Share
Scroll to Top