(ВИДЕО) Бојана Арсовска ја објави „Под кожа“ – нова емотивна песна проследена со впечатлив видео запис

(ВИДЕО) Бојана Арсовска ја објави „Под кожа“ – нова емотивна песна проследена со впечатлив видео запис

пред 5 часа

Македонската пејачка Бојана Арсовска го претстави својот нов музички проект „Под кожа“ – емотивна композиција која преку музиката, текстот и визуелната приказна носи искрена приказна за љубовта, блискоста и чувствата што оставаат траен белег.

Музиката и аранжманот за песната ги потпишува Борис Какуринов, кој заедно со Бојана Арсовска е автор и на текстот. За современиот звук на композицијата се погрижи Андреј Николов, кој ги реализираше миксот и мастерингот, дополнително истакнувајќи ја емотивната вокална интерпретација на Арсовска.

Визуелниот дел од проектот е доверен на Стефан Биков, кој ги потпишува режијата, снимањето и монтажата на видео записот, создавајќи атмосфера што природно ја следи приказната на песната.

Посебен печат на спотот му дава танцовата кореографија, која ја осмислија Лука Ѓорѓиевски и Бојана Арсовска. Ѓорѓиевски се појавува и како танчер во видеото, додека улогата на машкиот лик ја толкува Андреј Димоски, дополнувајќи ја емотивната визуелна приказна.

За целосниот изглед на изведувачката се погрижија Ани Гацева (Gacevani), која ја изработи шминката, и Костас Иоану, задолжен за фризурата.

„Под кожа“ зборува за чувствата што остануваат длабоко врежани во човекот и продолжуваат да живеат долго по одредени животни моменти. Со ова музичко издание, Бојана Арсовска уште еднаш го потврдува својот препознатлив стил, комбинирајќи силна емоција, модерна продукција и внимателно осмислен визуелен концепт.

Песната и официјалниот видео запис веќе се достапни за публиката на дигиталните музички платформи и на официјалните канали на Бојана Арсовска.

Share
Scroll to Top