Познатата холивудска двојка Бредли Купер и Ирина Шајк се повторно заедно пишуваат американските таблоиди. Глумецот и манекенката биле видени заедно на романтична прошетка низ Њујорк, без нивната ќерка Леа де Сен.
По разводот двајцата останаа во одлични односи поради ќерка им. Тие често беа видени заедно со неа, но, овој пат одлучија да се шетаат сами држејќи се за рака. Двајцата биле расположени и постојано се смешкале, пишува „Дејли Мејл“.
Иако досега двојката не потврдија дека се заедно, голем дел од медиумите во Америка, пренесоа дека ова е само почеток на нова љубовна авантура.






