ВИДЕО: „Викинзите“ го освоија Мајами – Норвежаните „веслаат“ кон полуфиналето на Мундијалот

ВИДЕО: „Викинзите“ го освоија Мајами – Норвежаните „веслаат“ кон полуфиналето на Мундијалот

пред 2 часа

Мајами денес е обоен во црвено! Илјадници норвешки навивачи создадоа спектакуларна атмосфера пред четвртфиналната пресметка меѓу Норвешка и Англија на Светското првенство 2026.

Посебно внимание привлече карактеристичното „викиншко веслање“ (Viking Row). Седнати еден зад друг, норвешките навивачи синхронизирано „веслаат“ и пеат, претворајќи делови од Мајами Бич во огромна навивачка трибина. Снимките од необичната кореографија брзо го обиколија светот.

Викинзите „веслаат“ кон полуфиналето!

Со знамиња, песни и препознатливи викиншки обележја, норвешката навивачка армија испрати јасна порака пред големиот дуел – вечерва Мајами е норвешка територија.

Норвешка и Англија се среќаваат во четвртфиналето на Мундијалот, во директна битка за пласман меѓу четирите најдобри репрезентации во светот. Официјалниот ФИФА Match Centre⁠ го води дуелот на стадионот во Мајами.

Погледнете го преубавото видео од карактеристичното навивање на Норвежаните – „Викинзите“ веслаат кон полуфиналето на Светското првенство!

Share
Scroll to Top